Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски ќе дадат финансиска поддршка на РК „Прилеп“, а тоа значи дека клубот ќе продолжи да се натпреварува во Суперлигата.

Тоа е договорот од состанокот помеѓу градоначалникот Илија Јованоски, претседателот на РК „Прилеп“, Александар Мариноски и претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Одржавме состанок со претседателот на РК Прилеп, на која разговаравме за проблемите на клубот, па одлучивме Општина Прилеп да му помогне финансиски на тимот. Некои од медиумите испратија критики дека градоначалникот не се грижел за спортот во градот, па сакам да го демантирам тоа и да кажам дека секогаш како градоначалник ќе се обидам да помогнам во развојот на спортот во Прилеп“, вели градоначалникот Јованоски.

Ова се одлични вести за екипата на РК „Прилеп“, па претседателот на клубот вели дека ќе го продолжат натпреварувањето во Суперлигата, во која во моментов имаат освоено 13 бодови на 12 средби.

„Разговаравме со градоначалникот и најдовме решение за нашиот проблем, па ќе го продолжиме натпреварувањето во Суперлигата. Општина Прилеп ќе ни помогне финансиски оваа сезона, а се надевам дека истото ќе го стори и во иднина“, вели Мариноски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…