Шпанска Севиља многу брзо пронајде нов тренер, по отказот на Едуардо Берицо.
Иако се споменуваше името на Валтер Мацари, на клупата на Севиља ќе седне поранешниот тренер на Милан, Виченцо Монтела.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Монтела на клупата на Милан го наследи Џенаро Гатузо и со оглед на тоа дека Монтела се уште е под говор со Милан се чека само „росонерите“ спогодбено да го раскинат договорот со Италијанецот кој има важност до летото 2019 година.
Во Севиља Монтела исто така го очекува договор до јуни 2019 година, а помошник на клупата на шпанскиот претставник ќе му биде Енцо Мареска.
Како што се наведува причината поради која Севиља го избрала Монтела е неговиот стил на игра. Монтела во својата кариера освен Милан беше тренер на Рома, Катанија, Фиорентина, Сампдорија.