Последните денови од зимскиот преоден рок би можеле да бидат многу возбудливи на Островот бидејќи се очекува да бидат комплетирани неколку големи трансфери.
Един Џеко моментално е топ тема на Островот, бидејќи од неговиот трансфер во Челзи зависат и многу други трансфери.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Доколку Џеко не се пресели во Челзи постои можност „сините“ да тргнат по напаѓачот на Арсенал, Оливие Жиру.
Денес на пресконференцијата менаџерот на „топџиите“, Арсен Венгер истакна дека Жиру ќе замине само доколку на „Емирати“ пристигне Пјер Емерик Обамејанг. Челзи го чека расплетот на релација Арсенал – Обамејанг и го чека конечниот одговор од Џеко.
Останаа уште пет дена од зимскиот преоден рок и се може да се случи, а најжешки имиња се секако Џеко, Обамејанг и Жиру.