Бразилецот, Роналдо без дилеми е еден од најдобрите фудбалери кои некогаш се појавиле на фудбалскиот терен.
Експлозивност, чувство за гол, дриблинг и мајсторството кое го имаше „вистинскиот Роналдо“ е нешто што не се гледа често, а нема дилеми дека неговата кариера ќе беше уште поголема ако не беа проблемите со повредите.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Неговиот трансфер од Барселона во Интер во 1997 година за 27 милиони долари на италијанскиот тим му ветуваше големи работи и веќе во првата сезона ја доби наградата за најдобар фудбалер во годината со 25 постигнати голови во Серија А. Покрај тоа ги водеше „нероаѕурите“ до триумф во Купот на УЕФА.
Интер во сезоната 1999/2000 влезе со неверојатен напад. Освен Роналдо ги имаа уште Кристијан Виери и Роберто Баџо, па сите очекуваа титула на „Џузепе Меаца“.
Меѓутоа на 21. Ноември 1999 година Роналдо ја доживеа првата тешка повреда. Му настрада левото колено, ги скина лигаментите и од тој момент започнаа проблемите. Итно беше извршена операција, а докторите кои се грижеа за него му дозволија прерано да се врати на терен.
Тој 12. април во 2000 година во натпреварот против Лацио, Роналдо влезе во игра и после само шест минути одново тешко се повреди. Овој пат настрада другото колено. По неговата реакција веднаш можеше да се заклучи дека станува збор за нов тешка повреда, по таа повреда Роналдо паузираше повеќе од година ипол.
После две операции и долг процес на опоравување, Роналдо се врати и го освои Светското првенство со Бразил. Следуваше трансферот во Реал Мадрид, колената изгледаа добро и успеа да одигра уште некоја година на високо ниво.
Потоа играше и во Милан, а кариерата ја заврши во 2011 година во дресот на Коринтијас. Сепак, остана жал за тешките повреди и сите го проколнуваат тој 12. април кога повторно се повреди.