Една минута пред да се затвори пазарот во Германија, Баерн Минхен го официјализираше седмиот трансфер во овој преоден рок.
Станува збор за десниот бек на Марсеј Буна Сар, за кого Баварците платија 10 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
28-годишниот дефанзивец потпиша договор до 2024 и стана четврто засилување во два дена за европскиот шампион, по Марк Рока од Еспањол, Даглас Коста од Јувентус и Чупо Мотонг од ПСЖ.
Баварците се свртеа кон 28-годишниот Сар откако претходно договорениот Сержињо Дест избра да оди во Барселона.
Bienvenue au #FCBayern, @BounaSarr_10! ??#ServusBouna pic.twitter.com/3szrt0mMup
— FC Bayern English (@FCBayernEN) October 5, 2020