Дома Останати Тенис Предупредување за Федерер: Немој да правиш будала од себе!

Предупредување за Федерер: Немој да правиш будала од себе!

Швајцарскиот ас Роџер Федерер најави враќање на тенисот на Лејвер купот и АТП турнирот во неговиот роден град Базел, што е само увертира за целосен кам-бек следната година. Сепак, Џон Цирјак не мисли дека тоа е добра идеја.

Швајцарецот нема играно цела година од Вимблдон минатата година, а во меѓувреме имаше три операции на коленото.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„ Ако сакаш тенис, во ред е. Може да игра тенис за забава, што би било одлична работа. Но, да се натпреварува на 40? Не, не и не! Мора да внимава, штета би било да прави будала од себе. Годините секого го стигнуваат“, смета Цирјак.

Романецот, поранешен сопственик на Мастерсот во Мадрид, смета дека Федерер направил голема грешка со враќањето на Ролан Гарос минатата година, тој истакна дека според него било подобро да се чува свеж за Вимблдон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…