Италијанските медиуми откриваат детали околу преговорите помеѓу Милан и Рафаел Леао за продолжување на соработката.
Тоа веќе стана како „сапуница“ и преговорите се многу комплицирани од неколку причини.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Леао има овластено две лица за преговори, првиот е агентот Жорге Мендеш, а вториот е угледниот фрацуски адвокат Тед Димвула. Притоа Спортинг Лисабон бара 19 милиони евра од Леао како отштета за неговиот трансфер во Лил.
Милан му понудил 6 милиони евра годишно плус бонуси, притоа „росонерите“ се спремни да му помогнат во дел од исплаќањето на неговиот долг кон Спортинг Лисабон.
Португалецот има договор до 2024 година, а Милан се обидува да стават потпис на нова соработка пред почеток на Мундијалот во Катар.