Адриен Рабио минатото лето пристигна во Јувентус како големо засилување, но ќе ја напушти „старата дама“ после само една година.
Според угледниот „Екип“, Јувентус е решен да се ослободи од 25-годишниот играч од средниот ред кој не ги оправда очекувањата и има проблематично однесување.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Рабио е незадоволен од статусот што го има во тимот, а незадоволството го искажа со тоа што не се појавил навреме во Торино, откако Јувентус ги повика сите играчи да се вратат во Италија.
Англиските медиуми тврдат дека Рабиот започнал преговори со Њукасл и Евертон и најверојатно ќе се пресели во Премиер лигата.
Јувентус му ја отвори излезната врата, и ќе заработи од неговото заминување бидејќи Рабио минатото лето пристигна како слободен играч.