Жозе Мурињо на местото лев бек има неколку опции, но ниту од една не е задоволен, па изминатата сезона на тоа место го прекомандува, Ешли Јанг.
И оваа сезона Анличанецот е најстандарден на таа позиција, додека Шо и Блинд се борат за ситни трошки, Тохо игра на позиција стопер, додека Дармијан служи како алтернатива за Валенсија на десниот бок.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Се почести се споменува дека Лук Шо и Блинд би можеле да ја напуштат екипата, за Англичанецот е заинтересиран Маурисио Покетино, додека Барселона атакува на холандскиот репрезентативец.
Мурињо така ќе мора да се засили на позицијата на лев бек, можеби и ќе се обиде да донесе двајца нови играчи на таа позиција, а еден од нив би бил залог за иднината.
Со таква мисла, Јунајтед ги испрати скаутите во Аргентина, каде го „ископаа“ Енко Дијаз, 21-годишен лев бек од редовите на Агрупекуари.
Манчестер веќе некое време го следи овој талентиран фудбалер, кој и сам потврди за аргентинските медиуми дека двајца скаути на Јунајтед се импресионирани од она што тој го прикажал.
Но, засега официјална понуда се уште нема, иако преговорите се започнати.