Дома Фудбал Репрезентации Прв список на Хрватска по Европското првенство: Далиќ со две нови имиња

Прв список на Хрватска по Европското првенство: Далиќ со две нови имиња

Селекторот на хрватската репрезентација, Златко Далиќ го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за натпреварите во Лигата на Нации.

Хрватска во минатогодишното издание стигна до финалето каде што беше поразена од селекцијата на Шпанија, а новото издание ќе го започне со натпревари против Португали и Полска.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Првиот натпревар Хрватска ќе го игра на 5. Септември во Лисабон, а само три дена подоцна ќе бидат домаќини на Полјаците во Осијек.

На списокот на Хрватска тука е Лука Модриќ за кого се најавуваше дека може да се повлече под Европското првенство. Исто така место на списокот има и за Иван Перишиќ кој деновиве е во центарот на вниманието поради неговата ситуација во Хајдук.

Нови лица во репрезентацијата на Хрватска се: Петар Сучиќ од Динамо и напаѓачот на Ајнтрахт Игор Матановиќ.

СПИСОК НА ХРВАТСКА:

Голмани: Доминик Ливаковиќ, Доминик Котарски, Недиљко Лабровиќ.
Дефанзивни: Јошко Гвардиол, Дује Чалета-Цар, Борна Соса, Јосип Станишиќ, Јосип Шутало, Марин Понграчиќ, Мартин Ерлиќ.
Играчи од средниот ред: Лука Модриќ, Матео Ковачиќ, Марио Пашалиќ, Ловро Мајер, Лука Иванушевец, Лука Сучиќ, Кристијан Јакиќ, Мартин Батурина, Петар Сучиќ.
Напаѓачи: Иван Перишиќ, Андреј Крамариќ, Бруно Петковиќ, Анте Будимир, Игор Матановиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Започна големото седење на Манчестер Сити

Судењето против Манчестер Сити започна денеска, откако Премиер лигата поднесе обвинение пр…