Рејсинг поинт објави дека Серхио Перез нема да го возни нивниот болид на трката за Големата награда на Велика Британија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овој викенд не очекува трката на легендарниот Силверстоун и тоа ќе биде четвртата трка во оваа сезона. Меѓутоа пред почетокот на тренингот челниците на Формула 1 наидоа на голем проблем.
Имено, беше објавено дека еден од возачите е позитивен на коронавирус. Во прашање е Серхио Перез кој вози за Рајсинг поинт и во првите три трки беше одличен. Но, поради коронавирусот тој веднаш е ставен во изолација и нема да вози на Силверстоун.
Потврдено е дека на негово место зад воланот ќе седне некој друг, а Рејсинг денеска треба да објави кој ќе биде замената.