Дома Македонски спорт Мак ракомет Прв пораз во квалификациите за ЕП 2024: Португалија славеше во „Борис Трајковски“

Прв пораз во квалификациите за ЕП 2024: Португалија славеше во „Борис Трајковски“

Maкедонската ракометна репрезентација денес го одигра натпреварот против Португалија во рамки од квалификациите за Европското првенство во кој го запишавме првиот пораз во квалификациите за Европското првенство со 23:29.

Почетните минути од средбата донесоа игра со малку голови и повеќе борба. Па по пет минути и на двете страни видовме само по еден гол. Џонов беше стрелецот на првиот гол за Македонија.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во наредните минути, Португалците беа нешто поефикасни додека ние преку Кузмановски се одржувавме блиску. По десет минути игра на семафорот стоеше 3:5. Со првиот гол на Цветан Кузмановски на натпреварот и тоа од седмерец ние дојдовме на „минус еден“ (4:5).

Направија Португалците во тој период и грешки во нападот, не реализираа и имавме прилика и да изедначиме. Сепак, грешевме и ние па дури и го зголемија водството на 4:6. Во 18-тата минута за првпат имаа и три разлика поведувајќи со 5:8.

Неколку минути бевме подобрата репрезентација и одново дојдовме на тој „минус еден“, сепак тука како да застанавме, па противникот до паузата повторно ја врати предноста од три гола разлика (11:14).

Не се менуваа работите многу ниту во почетните минути, повотно ние на двапати во првите 10-тина минути дојдовме до „минус еден“, но не успевавме да дојдеме до изедначување. Во 32. минута по тајм аутот на Лазаров Португалија одново остана на еден разлика 18:19. Митревски одбрани, па конечно во 33-та минута изедначивме на 13:13.

Веќе во наредната минута добивме и напад за прво водство по почетните 1:0, тоа и го искориствме. Во 45-тата минута Кузмановски погоди за 20:19.

Иако изгледаше дека тука можеби е моментот кога ќе го одлучиме натпреварот, следуваше нов пад во нашата игра. Португалија набрзина направи серија и на осум минути до крајот се врати на три огла предност (20:23).

До крајот Португалија знаеше како да ја одржи предноста, па набрзина стануваше јасно и дека тие ќе бидат победниците од овој дуел. На крајот конечниот резултат гласеше

За три дена не очекува реваншот во Португалија, за Македонија ова беше прв пораз во групата по стартните две победи со Луксембург и Турција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија и во поразот од Литванија има кошаркар во топ 5

Ако во некој пораз има и некои добри моменти, тогаш на мечот Македонија-Литванија може да …