Репрезентацијата на Македонија до 21 година не ја оправда фаворитската улога и одигра 1:1 против Казахстан.
Младинцитe одлично ги започнаа квалификациите со две победи во исто толку натпревари, но сепак денес Казахстан извлече бод.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Скоро во текот на целиот натпревар избраниците на Милевски беа подобар противник на теренот. Во првото полувреме од самиот почеток создававме прилики за погодок и тој стигна во 20-тата минута преку Милан Ристовски.
Имавме уште неколку одлични прилики да постигнеме гол, меѓутоа не ги искористивме.
Во вториот дел Казахстан го поткрена нивото на игра, но не создаваа некои посериозни прилики.
Така беше се до 75-тата минута кога Омиртаев после еден центаршут ја погоди нашата мрежа.
После ова реми Македонија ќе остане прва со седум бода со три одиграни натпревари, Казахстан има исто седум меѓутоа со два натпревари повеќе, следи Шпанија со шест бода од два натпревари, па Израел три бода (еден натпревар), Црна Гора три бода (четири натпревари) и Фарски Острови е без бодови после три одиграни натпревари.