Дома Фудбал Репрезентации Првата капитенска задача на Мбапе: Го убедувал Гризман дека е важен за Франција

Првата капитенска задача на Мбапе: Го убедувал Гризман дека е важен за Франција

Француските медиуми пренесуваат дека Килијан Мбапе разговарал со Антоан Гризман откако напаѓачот на Атлетико Мадрид покажал незадоволство што тој не е избран за капитен на француската репрезентација.

Селекторот Дидие Дешам одлучи по повлекувањето на Уго Лорис од репрезентацијата капитенската лента да му ја додели на Килијан Мбапе, а тоа Гризман не го прифатил баш најдобро.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Се пишуваше дека Гризман бил лут и го напуштил состанокот, но сега пристигнуваат информации дека Мбапе веднаш се покажал како голем капитен.

Имено, според она што го објави „Л’Екип“, Мбапе го повикал Гризман и му пренел дека го разбира неговото разочарување од одлуката, но и му потенцирал дека смета на неговото присуство во соблекувалната и го гледа како еден од важните фудбалери во новиот виклус.

Наводно, Гризман реагирал одлично по овој разговор со Мбапе и прифатил се што му кажал својот соиграч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Чаби Алонсо отворено зборуваше за проблемите во тимот

Чаби Алонсо, тренерот на Реал Мадрид, одржа прес-конференција пред утрешниот натпревар што…