Интер ќе игра финале во Лигата на шампионите, клубот од Милано ги надмина сите очекувања, дури и на своите навивачи и се пласираше во натпреварот за европска титула.
Секако дека фудбалерите предводени од Симоне Инзаги имаат огромни заслуги за успехот, но некој треба да ги доведе тие фудбалери, а тоа е човекот кој некогаш чуда правеше во Јувентус, а сега во Интер – спортскиот директор Бепе Марота.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Додека беше во Јувентус Марота се прослави со носењето на важни фудбалери за „нула“ евра или по многу ниски суми, па така ја освојуваше и наградата за најдобар спортски директор. Со таквата работа продолжи и во Интер.
Неверојатно за бројките во денешниот фудбал е што Марота успеа да доведе девет важни фудбалери кои настапија во вчерашното полуфинале за само 27 милиони евра. Петмина од тие девет беа доведени бесплатно.
Интер не плати ништо за Микхтаријан, Џеко, Онана, Димарко и Чалханоглу сите тие беа стартери. Тука се уште Дармијан (четири милини евра), Ачерби (три милиони евра) и најскапиот Думфрис (14 милиони евра).
Ромелу Лукаку кој не стартуваше и влезе од клупата, но запиша асистенција за Лаутаро беше доведен на позајмица за која платија осум милиони евра.