Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ги освоија планираните бодови на своето конто и се искачија на третата позиција на табелата во Суперлигата.
После поразот од Вардар во претходното коло младите момци на Алекдандар Јовиќ одиграа добар натпревар против Радовиш пред својата публика и остварија победа од 35:23.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од самиот старт на натпреварот пелистерци покажаа дека се желни за враќање на победничките патеки и моќно го отворија натпреварот. Веќе после неколку минути игра беше 4:0, за потоа да биде и 9:4. До крајот на полувремето Радовиш успеа да се врати на два негатива од 16:14.
На стартот на вториот дел Е.Пелистер одново додаде гас и во 43. минута водеше со шест гола разлика. Високата предност не ја испуштаа до крајот и славеа со 35:23. Најефикасни на натпреварот беа Емилијан Ѓорговски и Петар Атанасијевиќ со по шест гола.
Фото: РК Еурофарм Пелистер