После неуспешната епизода и во Португалија, веројатно за Габигол ќе следи нова позајмица и тоа во родниот Бразил.
Бидејќи во Интер и Бенфика не се наигра фудбал, Габриел Барбоса сака да ја оживее својата кариера во својот Сантос.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на бразилскиот клуб, Хозе Карлос Перес изјави дека интезивно работат на враќање на овој напаѓач.
„Во преговори сме со Интер. Испративме понуда, чекаме одговор и се надеваме на позивитивен исхо“, изјави претседателот на Сантос за новинарите.
Најверојатно станува збор за позајмица до крајот на сезоната, но не е познато како Бразилците би ги регулирале примањата на 21 годишниот Бразилец бидејќи тешко дека би можеле се да превземат на себе.
Габигол во Интер пристигна во 2016 година токму од Сантос за сума од 33.5 милиони евра, но не се снајде најдобро. Не беше стартер на ниту еден натпревар во Серија А, а ништо подобро не помина ниту во Бенфика каде што играше на позајмица во првата половина од сезоната