Дома Фудбал Останато По Mундијалот, еден од најстарите ќе му каже збогум на дресот на „Црвените ѓаволи“

По Mундијалот, еден од најстарите ќе му каже збогум на дресот на „Црвените ѓаволи“

Белгискиот репрезентативец, Маруан Фелаини одлучи да му каже збогум на репрезентативниот фудбал по завршувањето на Мундијалот во Русија.

Мундијалот на истокот на Европа ќе биде последното големо натпреварување за играчот за врска на Манчестер Јунајтед кој во дресот на „Црвените ѓаволи“ на 80 настапи постигна 16 погодоци.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Дали следното СП во Русија е моето последно големо натпреварување во кариерата? Да“, истакна Фелаини во Божиќното интервју за еден белгиски медиум.

Потоа дополнитено ја појасни ситуацијата.

„Играм за репрезентацијата веќе полни 12 години и еден сум од најстарите таму. Ги имате Компани, Вермален и Муса Дембеле, потоа следувам јас. Ништо не морам никому да докаќувам, одамна покажав кој сум и што сум“, истакна Фелаини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чаби Алонсо: Ова со Винисиус не треба да се повтори

Чаби Алонсо се враќа емотивно на “Енфилд”, каде што изгради кариера како фудбалер на Ливер…