Костадин Захов повеќе не е голман на фудбалскиот клуб Шкендија. Како што соопштуваат тетовските „црвено-црни“, неговото место во голманската тројка го пополнува Астрит Амзаи.
ФК Шкендија и официјално објавува прекин на соработката со Захов по речиси девет сезони. Со извонреден придонес и многубројни достигнувања, Шкендија му се заблагодарува на чуварот на мрежата за посветеноста и професионалноста.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Захов дојде во клубот во јануари 2015 година и за нешто помалку од една деценија стана еден од клучните точки на тимот во најуспешната ера во клупската историја на Шкендија.
Освоени три шампионски титули, два куп пехари, одлични настапи во Европа и многу радости во 237 официјални настапи, на кои запиша 115 натпревари без примен гол.
Шкендија му посакува на Захов многу здравје и успех во неговите идни предизвици. Амзаи се враќа во тимот по позајмицата во Гостивар и Тетекс.