Oткако пред една година од Барселона се врати во Атлетико Мадрид на позајмица Гризман почнува да прикажува добри настапи.
Меѓутоа оваа сезона не започна ниту еден натпревар од првата минута, причината поради која е така е што Атлетико не сака да и плати на Барселона. Атлетико треба да го откупи Гризман за 40 милиони евра на крајот на сезоната и тоа е нешто кое сакаат да го избегнат.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Затоа Гризман оваа сезона влегува само во последните половина час, така клубот не би требало да плати ништо за него. Денес се појавија информации дека Барселона сепак постигнала договор со Атлетико „јорганџиите“ да платат 25, место 40 милиони евра.
„Не сме разговарале со Барселона, ниту имаме намера да разговараме. Ситуацијата со Гризман е јасна. Во овој момент работите стојат како и што беа. Нишо не се променило. Баш се е исто како на почетокот на сезоната“, изјави претседателот на Атлетико Енрике Церезо.