Дома Македонски спорт Почина Љубисав Иванов – Ѕинго

Почина Љубисав Иванов – Ѕинго

Денес на 84 годишна возраст почина Љубисав Иванов – Ѕинго, поранешен претседател на Фудбалскиот сојуз на Македонија, од 1993 до 1999 година и долгогодишен истакнат фудбалски работник, прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

-“Македонскиот фудбал денес го загуби еден од своите најдобри и најважни фудбалски работници во својата историја. Ми беше чест што го познавав и соработувавме со Љубисав Иванов – Ѕинго, а навистина е безпредметно воопшто да набројуваме со што сѐ го задолжи нашиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија. Наша должност е да продолжиме по патот кој тој го трасираше. Да се грижиме за федерацијата и луѓето, да се грижиме за македонскиот фудбал. Во име на Фудбалската федерација на Македонија и целото фудбалско семејство, изразувам најдлабоко сочувство до семејството на Љубисав Иванов – Ѕинго“, стои во соопштението од актуелнит прв човек на ФФМ Муамед Сејдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…