Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски и понатаму е една од главните теми во шкотскиот фудбал.
Поради одличната форма во која игра веќе подлого време, Миовски е следен од големи клубови од Шкотска и останатиот дел од Европа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сега во изјава за „Аberdeenlive“ екс-напаѓачот на Хибернијан и Данди Јунајтед, Тем Мекманус кој денес работи како фудбалски аналитичар во Шкотска истакна дека македонскиот голгетер има квалитет за да игра за клубови како Селтик и Ренџерс.
„Миовски дефинитивно е на ниво со кое може даи гра за Селтик или Глазгов Ренџерс. Не се обидувам да го продадам, но верувам дека Абердин ќе има потешкотии да го задржи.
Видовме дека постигнува голови од различни поизиции, знае и самиот да направи прилика. Одличен голгетер“, изјави Мекманус.