Дома Фудбал Италија Потписот на Пиоли со Ал Наср е добра вест и за Милан

Потписот на Пиоли со Ал Наср е добра вест и за Милан

Италијанскиот стратег, Стефано Пиоли во текот на вчерашниот ден беше промовиран на клупата на Ал Наср, а седнувањето на клупата на Пиоли на овој клуб е добра вест и за „росонерите“.

Пиоли се одлучи да го преземе клубот во кој ќе соработува и со Кристијано Роналдо, а ќе заработува 12 милиони евра по сезона, потпиша договор до 2026 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ова е добра вест за Милан затоа што стратегот така повеќе не е на платниот список и прифати раскинување на соработката.

Во Милан Пиоли имаше плата од околу четири милиони евра годишно или 7.4 во бруто. Бидејќи веќе два ипол месеци добиваше плата од Милан пред да го раскине договорот, Милан ќе заштеди околу 5.8 милиони евра.

Инаку, во Милано се најавува и отказ за Пауло Фонсека, а ослободувањето на буџетот од Пиоли сигурно може да придонесе раководството побрзо да реагира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…