Последниот натпревар од 6. коло во рамки на регионалната АБА лига, беше одигран вечерва, на кој Црвена Звезда го дочека нашиот актуелен шампион, МЗТ Скопје.4
Звезда по врзани два пораза во АБА лигата, имаа фантастичен кам бек на победничката патека, со оглед на тоа дека славеше со убедливи 112:73 (28:23, 30:23, 33:8, 21:19).
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Резултатската неизвесност на мечот траеше само во првата четвртина, кога Металците успеаа да одржат едноцифрена негатива, но кон средината на вториот квартал, Звезда обезбеди позитива на +10 по што немаше дилеми кој ќе слави.
Трајковски ги оддржуваше МЗТ кој постигна 19 од 46 поени во првите 20 минути.
Третата четвртина беше „потоп“ за Аеродромци, кои постигнаа само осум поени, наспротив 33те на црвено-белите.
Најефикасен во редовите на Звезда беше Радичевиќ со постигнат дабл-дабл учинок, односно 17 поени и 10 асистенции. Трајковски во таборот на МЗТ се издвои со постигнати 30 поени во 32 минути минати на теренот.