Не престануваат гласините околу можниот трансфер на Лука Јовиќ во редовите на Реал Мадрид.
Јовиќ импресионираше оваа сезона со одличните настапи во Франкфурт, па во редовите на Ајнтрахт се свесни дека ова лето би можеле да го изгубат. Интерес за Јовиќ има од клубови како што се Реал Мадрид и Барселона и ретко кој верува дека Јовиќ и наредната сезона ќе го носи дресот на германскиот клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
И самиот претседател на Ајнтрахт поранешниот напаѓач Фреди Бобиќ го потврди тоа во гостувањето на една емсија.
„Дефинитивно постои шанса Јовиќ да потпише за Реал Мадрид. Се надевам и сакам Лука да остане тука, но јас сум реален и знам дека немаме многу шанси да го задржиме“, изјави Бобиќ.
https://www.youtube.com/watch?v=2WA1tw1oU-k