Еминентниот медиум „Еуроспорт“ ексклузивно пренесува дека ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.
Реал Мадрид веќе подолго време е заинтересиран за Мбапе, а трансферот ќе се реализира во 2021 година, дознава „Еуроспорт“ од свои извори.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мбапе има договор со ПСЖ до 2022 година, но во неколку наврати одби да потпише нов договор, бидејќи веќе се договорил со „кралевите“.
Токму поради тоа Реал воопшто не е активен на трансфер пазарот ова лето, а Мбапе следното лето на „Сантиаго Бернабеу“ ќе биде прва ѕвезда.
Како што пренесува „Еуроспорт“, Реал веќе го резервирал и дресот со број „девет“ за Мбапе, а трансферот ќе изнесува приближно 200 милиони евра.