Милан беше во потрага по нов голман, кој оваа сезона ќе му биде резерва на Џанлуиџи Донарума.
Асмир Беговиќ ги напушти „росонерите“, а раководството веднаш пронајде негова замена. Станува збор за 34-годишниот романски голман Чипријан Татарушану.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој во Милан доаѓа како слободен агент од Лион, а со „росонерите“ ќе потпише 3-годишен договор.
Татарушану има искуство во Серија А каде помина цели шест сезони, најголема трага остави во Фиорентина.
Коментари