Вардар официјално не се огласил, но Едуард Кокшаров ја потврди промената на тренерската позиција.
Давид Писонеро не се задржа долго на позицијата тренер на Вардар, а како што потврди самиот Кокшаров за руските медиуми тој ќе ја извршува функцијата привремен тренер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според Кокшаров едноставно морало да се донесе ваква одлука.
„Самсоненко се одлучи на ваков потег и тој ја донесе одлука. Некој период имаше незадоволство, а после поразот од Кил се донесе одлуката нешто да се промени. Одржавме состанок и се согласивме дека не може брзо да се најде адекватна замена и поради тоа прифатив јас да бидам привремен тренер на Вардар. Тоа не значи дека ќе ја напуштам репрезентацијата на Русија“, изјави Кокшаров за медиумите, па објасни:
„Успеавме да го задржиме поголемиот дел од тимот со кој лани ја освоивме европската титула, но бевме непрепознатливи на теренот. Како за кратко време да исчезна стилот по кој сите го познаваа Вардар“, објасни новиот тренер на Вардар.
Писонеро можел да замине, но сепак Кокшаров потврди дека ќе остане во клубот во улогата на помошник тренер.