Дома Фудбал Лига на шампиони Потврдено: Буфон за прв пат во Лигата на шампионите после исклучувањето против Реал Мадрид

Потврдено: Буфон за прв пат во Лигата на шампионите после исклучувањето против Реал Мадрид

Џанлуиџи Буфон се враќа на „местото на злосторството“ – во Лигата на шампионите.

И понатаму чудно звучи „Џиџи на Јувентус“ брани за ПСЖ, а дебито во Лигата на шампионите ќе го има токму во Неапол.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Оваа информација ја потврди тренерот Томас Тухел кој и испрати пофалби до искусниот голман.

„Ќе биде на голот против Лил, но и против Наполи. Секогаш кажувам дека тој е важен за нас, тој е легенда која имаше одлична кариера. Неговото искуство многу значи. Со разговори многу им помага на соиграчите“, изјави Тухел.

За италијанската легенда ова ќе биде прв натпревар во Лигата на шампионите, после оној против Реал Мадрид кога како капитен на Јувентус заработи исклучување во Мадрид.

Пореди тешките зборови кон судијата Мајкл Оливер, УЕФА му додели на Буфон суспензија од три натпревари, а таа сега истече, па Буфон нема никакви пречки да дебитира за „светците“ во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Никој како премиерлигашите: Потрошиле најмногу до сега!

Со трансферот на Ноа Окафор од Милан во Лидс за 18 милиони фунти, ова лето англиските клуб…