Дома Трансфер зона Потврдено: Борини го напушта Милан!

Потврдено: Борини го напушта Милан!

Италијанските медиуми јавуваат дека Фабио Борини најверојатно ќе го напушти Сан Сиро во текот на зимата.

Борини дојде во Милано во летото 2017. година како засилување, но тој епитет никогаш не успеа да го оправда и денес претежно ги гледа натпреварите од клупата или трибините.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На Апенините пишуваат дека на Борини не смета ниту новиот тренер на Милан, Пиоли, но на 28-годишниот фудбалер нема да му биде проблем да пронајде нов клуб, бидејќи постојат клубови кои се заинтересирани за неговите услуги.

Неговиот менаџер денес потврди дека Борини во јануари ќе го напушти Милан и дека има опции да остане во Серија А и да се врати во Премиер лигата.

„Секој тренер донесува свои одлуки. Донесовме одлука со Милан да споразумно да се разделиме. За Борини има понуди од Италија и Англија, се уште не сме донеле конечна одлука каде ќе ја продолжи кариерата. Неговиот престој во Милан беше апсолутно позитивен“, изјави агентот на играчот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…