Италијанските медиуми јавуваат дека Фабио Борини го напушта Милан и веќе го договорил трансферот во Џенова.
Борини дојде во Милано во летото 2017. година како засилување, но тој епитет никогаш не успеа да го оправда и денес претежно ги гледа натпреварите од клупата или трибините.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На Апенините пишуваат дека на Борини не смета ниту новиот тренер на Милан, Пиоли, па ќе мора да ја промени средината.
Италијанските медиуми потврдија дека двата клуба во моментов ги договараат последните детали и трансферот наскоро треба да се комплетира.