Oткако во текот на вчерашниот ден беше и официјално потврдено, денес Роберто Манчини беше презентиран како нов селектор на селекцијата на Италија.
Манчини долго време се поврзуваше со Италија, но во прв план искочи дури кога Карло Анчелоти ја одби понудата на сојузот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На денешната прес-конфренција Манчини ги откри плановите и истакна дека неговата главна цел е да ја врати Италија онаму каде што и е местото, во самиот врв на светскиот фудбал. Освен тоа тој ги потврди и гласините дека ќе го врати Марио Балотели во репрезентацијата.
„Сигурно дека многу брзо ќе разговарам со Балотели и најверојатно ќе го вратам во репрезентацијата, секако доколку тој сака. Италија има многу квалитетни играчи и тоа е наша предност која мораме да ја искористиме. Верувам дека Марио може многу да придонесе за нашата екипа и се надевам дека ќе заблеска како и на Европското првенство во 2012 година“, изјави Манчини.