Трансферот на Садио Мане во Саудиска Арабија во дресот на Ал Наср е само прашање на време, пренесуваат светските медиуми.
Баерн Минхен ја прифатил понудата од Ал Наср, а Мане веќе ги договорил личните услови и ќе заработува годишна плата од 25 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мане веќе извесно време преговараше со Ал Наср, а голема улога во трансферот одиграл и Кристиано Роналдо, кој го убедил да се пресели во Саудиска Арабија.
31-годишниот Сенегалец ќе потпише договор до 2025 година со клубот од Саудиска Арабија.