Дома Фудбал Италија Постигнат договор: Брозовиќ останува во Интер

Постигнат договор: Брозовиќ останува во Интер

Марсело Брозовиќ е еден од најважните фудбалери на Интер, но неговиот договор со „нероаѕурите“ завршува следното лето.

Преговорите за нов договор траеа подолго време бидејќи двете страни не можат да најдат заеднички јазик.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Брозовиќ моментално заработува 3,5 милиони евра и бара со новиот договор плата од 6,5 милиони евра, додека Интер не може да си дозволи такво зголемување.

Последните информации од Италија се дека сепак двете страни постигнале начелен договор и наскоро Хрватот ќе стави потпис на нов договор.

Имено, Брозовиќ ќе потпише 4-годишен договор според кој ќе заработува 5,5, милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Италија повторно тагува, “азурите” го пропуштаат третото по ред светско првенство

Италија не успеа да се квалификува на трето по ред светско првенство. “Азурите”…