Дома Фудбал Англија После ситуацијата со Грилиш Астон Вила им забрани на фудбалерите да играат „Фантази“

После ситуацијата со Грилиш Астон Вила им забрани на фудбалерите да играат „Фантази“

По малку неверојатна информација ни доаѓа од соблекувалната на Астон Вила, имено клубот забранил на своите играчи да се натпреваруваат на популарната платформа „Фантази Премиер лига“.

Во натпреварот за викендот Астон Вила изгуби од Лестер со 1:2. Домаќините беа немоќни против „Лисиците“, а се докажа и колку значи за тимот Џек Грилиш кој не играше во овој меч.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За неговото отсуство се до моментот на објавените почетни состави немаше никакви информации, се беше сведено на шпекулации поради потезите на неколку фудбалери на Вила на платформата „Фантази.

Имено, фудбалерите Таргет, Хурихејн и Тејлор, членот на стручниот штаб Скот и физиотерапевтот Роб го тргнале Грилиш од почетниот состав во нивниот тим на „Фантази“.

Стратегот на Астон Вил Дин Смит се пожали дека таквата информација која кружеше на социјалните мрежи му дала одредена предност на Лестер. Поради оваа ситуации премиерлигашите одржаа и останок за тоа дали треба на фудбалерите да им се дозволи да играат „Фантази“.

Кога во прашање е Астон Вила, овој клуб веќе донесе одлука да им забрани на своите играчи да бидат дел од оваа платформа.

Слична ситуација имаше и во Лидс кога капитенот на тимот на Биелса, Лијам Купер од својот тим го отстрани од стартниот состав нашиот Алиоски за гостувањето кај Вулвехемптон во минималниот пораз во петокот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…