Дома Останати Тенис После долго време ќе гледаме меч Ѓоковиќ – Мареј

После долго време ќе гледаме меч Ѓоковиќ – Мареј

Британски „Би-Би-Си“ пренесе интересна информација пред стартот на „Австралија Опен“.

Во Мелбурн тране одбројувањето до почетокот на првиот Грен Слем турнир во сезоната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Пред овој турнир светот ќе има можност да види една пресметка помеѓу долгогодишните ривал Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.

„Би-Би-Си“ денес пренесе вест дека овие двајца ќе одиграат тренинг меч во Мелбурн, а она што е интересно е што постои можност овие двајца да се сретнат и во раната фаза на турнирот.

Мареј минатата сезона имаше големи проблеми со повредата и одигра само шест турнири со што доживеа и драстичен пад на АТП Листата. Поради тоа нема да биде помеѓу носителите на утрешниот ждреб и можеби го очекува дуел со некој од водечките тенисери уште во првото коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

На Синер му недостигаат четири пехари за да направи нешто што Надал и Федерер не успеаја

Само Новак Ѓоковиќ успеа еднаш да го направи она што Јаник Синер го направи оваа година: д…