Италијанската Серија А е синоним за агресивна и цврста одбрана. Тоа на своја кожа го почувствува Роналдињо додека играше за Милан.
Поранешниот играч на Катанија, Пабло Алварез се потсети на еден натпревар против Милан. Аргентинскиот дефанзивец на таа средба бил задолжен да го чува Роналдињо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За да не биде понижен тој се одлучил на нешто по агресивен пристап, а тоа легендарниот Бразилец не можел да го трпи па на полувремето го замолил да не го удира повеќе.
„Кога заврши првото полувреме од натпреварот Милан – Катанија на „Сан Сиро“ се приближувавме до тунелот. Дојде до мене го соблече дресот и ми кажа: Алварез, еве ти го дресот само не ме удирај повеќе. Ми го го даде дресот, беше невозможно да го запрете. Како да леташе по теренот, сигурно дека е еден од најдобрите во историјата“, раскажа Аргентинецот.
Роналдињо во Серија А играше три години и за тоа време се израдува на Скудето во 2011 година.