Дома Македонски спорт Португалија – Македонија: Составите се скоро познати

Португалија – Македонија: Составите се скоро познати

Македонија игра финале! По елиминацијата на европскиот шампион Италија во Палермо, сега македонските фудбалери во Порто ќе биајат битка со Португалија за пласман на Мундијалот во Катар.

Составите се скоро познати и кај и кај Португалците. Кансело се враќа по казната отслужена на мечот со Турција и е подготвен да го заземе местото на Диого Далот на позицијата десен бек.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Отавио, го оправда својот повик против Турција со гол и асистенција и нема дилема дека ќе им се придружи на Јота и Кристијано Роналдо во првата напаѓачка линија, бидејќи Жоао Феликс не се наоѓа во посакувана форма и ќе стартува од клупата.

Според се, составот веројатно ќе биде ист како на мечот со Турција, со тоа што во него ќе влета Кансело. И покрај тоа што Пепе се приклучи на тренинзите, очекувањата се дека сепак тој ќе стартува од клупата за резерви.

Македонија ќе биде засилена со враќањето на Елиф Елмас и Тихомир Костадинов. Можно е двајцата да се најдат во стартниот состав, но веројатно и самиот Милевски сеуште не ги знае почетните 11, особено што ќе треба да го растури првиот тим од мечот со Италија.

Добро е што Адеми и Николов кои се пожалија на повреди на мечот со Италија, немаат проблем и се целосно спремни за настап, па од таа гледна точка Милевски ќе има слатки маки за да го одбере стартниот состав во средниот ред.

Можен стартен состав на Португалија:

4-3-3: Коста; Кансело, Переира, Фонте, Гереиро; Силва, Мутињо, Фернандеш; Отавио, Роналдо, Јота

Можен стартен состав на Македонија:

4-3-2-1: Димитриевски; С.Ристовски, Велковски, Муслиу, Алиоски; Елмас, Адеми, Барди; Чурлинов, Трајковски, М.Ристовски (Миовски)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…