Бруно Акраповиќ кој во 2016 година беше тренер на Шкендија ќе продолжи да работи во ЦСКА Софија.
Бугарските медиуми објавија дека Акраповиќ го известил раководството на Локомотив Пловдив за неговото преминување во ЦСКА Софија. На Акраповиќ му одеше одлично во овој тим и со тоа го сврте вниманието на себе.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега со ЦСКА Софија тој ќе се бори за титулата во бугарското првенство каде што Лудогрец има 26, Локомотив 23, а ЦСКА Софија 21 бод.
Ќе потсетиме кога ја водеше Шкендија со клубот од Тетово стигна до плеј-офот за пласман во Лигата на Европа и таму беше елиминиран од Гент.