Дома Фудбал Поранешниот тренер на Реал доби отказ во Клуб Америка, Креспо може да го наследи

Поранешниот тренер на Реал доби отказ во Клуб Америка, Креспо може да го наследи

Поранешниот тренер и фудбалер на Реал Мадрид Сантијаго Солари доби отказ од мексиканскиот Клуб Америка.

Клуб Америка го отпушти Солари после серијата лоши резултати во 2022 година. Во овој момент тимот се наоѓа на претпоследната позиција во мексиканската лига, а амбициите пред почетокот на сезоната беа многу повисоки.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во Клуб Америка Солари дојде минатата година и имаше одличен старт. Сепак со почетокот на 2022 година дојдоа лоши резултати и забележаа само една победа и шест освоени бодови на осум натпревари.

Според најавите најсериозен кандидат да го наследи Солари е легендарниот Хернан Креспо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два италијански гиганти се „тепаат“ за Зиркзе

Јувентус во зимскиот преоден рок сака да го засили нападот, а прва желба е играчот на Манч…