Дома Фудбал Бурно било во Реал: Перез после поразот од Џирона имал разговор со Солари од цели два часа?

Бурно било во Реал: Перез после поразот од Џирона имал разговор со Солари од цели два часа?

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез имал разговор со тренерот на клубот, Солари после поразот од Џирона, пренесуваат шпанските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Реал Мадрид во последниот викенд изненадувачки загуби со 2:1 од Џирона на домашен терен, а после натпреварот Перез го повикал Солари со кого имал разговор од цели два часа.

„Кралевите“ иако имаа предност на полувремето со голот на Касемиро, Џирона во второто полувреме успеа да го сврти резултатот во своја корист и да запише важни три бода во првенството.

https://www.youtube.com/watch?v=4Wa9n_xJddI

Според шпанските медиуми Перез го интересирало во каква ситуација е екипата после поразот од Џирона и му порачал на Солари дека очекува тимот да не покаже никаква слабост на гостувањето кај Леванте.

Наводно е договорено да се продолжи во ист ритам како и пред поразот од Џирона, кој беше прв после почетокот на годината.

„Ротациите на Солари повторо не успеаја. Раководството не сака да види слабост против Леванте на неделното гостување, но и натаму покажува поверение во Солари и екипата со недеж на враќање на победничкиот морал кој владееше пред киксот против Џирона.“ – наведува шпанска Марка.

Инаку, Реал после овој пораз повторно заостанува девет бода во однос на водечката Барселона и ќе му биде многу тешко да се врати во борба за титулата.

К

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо одговори на провокациите од навивачите на Ал-Ахли (Видео)

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието, не само поради своите фудбалск…