Дома Фудбал Солари има среќа што има рамки на головите

Солари има среќа што има рамки на головите

Реал Мадрид денеска во рамките на 13. коло од шпанската Ла Лига беше поразен од Еибар со високи 3:0.

Ако стативите и пречката беа најголеми непријатели на Лопетеги, тогаш на Солари се најголеми пријатели, бидејќи акруелниот европски шампион можеше да биде и поубедливо поразен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Така, Еибар можеше да поведе уште во третата минута, кога Кике го лобуваше Куртоа, но топката ја погоди десната статива. Среќата беше на страната на Реал и во претходниот натпревар против Селта, кога стативата ја погоди Кабрал, додека претходно против Ваљадолид стативата беше два пати сојузник на Кралевите.

Како и да е, кризата во Реал нема крај. Иако, пред дербито меѓу Барса и Атлетико со победа можеше да се доближи на Каталонците, остана на шестото место на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …