Дома Фудбал Останато Поранешниот тренер на Милан и Интер сега ќе ги преводи Ето и Насри

Поранешниот тренер на Милан и Интер сега ќе ги преводи Ето и Насри

Поранешниот тренер на Милан и Интер, Бразилецот, Леонардо од денес е нов тренер на турскиот прволигаш Анталиспор, каде што настапуваат Самуел Ето и Самир Насри.

Леонардо на клупата на турскиот клуб ќе го замени Ризу Калимбу кој мораше да го напушти клубот поради лошите резултати.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


„Со Леонардо потпишавме двегодишен договор со него можеме да ја прекинеме доминацијата на клубовите од Инстанбул и да избориме пласман во европските натпреварувања“, објавено беше на официјалната страна на Анталиспор.

Иначе Леонардо како тренер работеше само во Милан и Интер и без тренерски ангажман е цели шест години, од кога го напушти Интер и ја превзема функцијата спортски директор во ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Атлетико Мадрид влегува во битката за Тео Ернандес

Атлетико Мадрид испратил барање до Милан за Тео Ернандес. “Росонерите” се подг…