Maкедонскиот интернационалец Џемал Ибиши доби место во тимот на Дубрава и и возврати на најдобар можен начин – со два гола.
Во втората лига во Хрватска Дубрава успеа да освои три бода против Сесвете (1:2), а човекот кој го реши натпреварот беше токму Ибиши. Двата гола Ибиши ги постигна во 86. и 92. минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Благодарен сум до тренерот што добив шанса да играм и да се докажам, се надевам дека уште ќе победуваме“, изјави Ибиши по натпреварот.
Коментари