Поранешниот селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија и тренер на Пролет, Металург и Вардар, Зоран Кастратовиќ е нов селектор на Саудиска Арабија.
Сезонава црногорскиот стратег го водшее тимот на Ал Мудар со кој подолго време беше лидер во првенството, меѓутоа на крајот мораше да се помири со вторатап озиција. Иако го освои второто место го доби признанието за тренер на сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Покрај работата во Македонија и Ал Мудар, Кастратовиќ ги водеше Беране, Сутјетска, Будуќност и Ел Џаиш.
Прв предизвик со Саудиска Арабија ќе му биде олимписките квалификации во група со Катар, Јужна Кореја, ОАЕ и Кина, а потоа ќе следи и Азискиот шампионат во 2024.