Дома Останати Тенис Порака за Надал: Не знам зошто уште се мачи, нека се качи на брод и – правец кон Мајорка!

Порака за Надал: Не знам зошто уште се мачи, нека се качи на брод и – правец кон Мајорка!

Некогашната шпанска тенисерка, Габриње Мугуруза зборуваше за Рафаел Надал и како што вели нејзиниот сонародник е подготвен да оди во спортска пензија.

Мугуруза оваа година се повлече од тенисот, а смета дека време и Надал да донесе таква одлука. Причина за ваквото размислување кај Мугуруза се проблемите со повреди кои ги има шпанскиот ас.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„На Надал му е време за пензија…неговото тело, ум, постојано одат во таа насока. Мислам дека е време да ужива со семејството. Во една прилика неодамна го прашав зошто уште е на терените и се мачи. Го видов како ужива со своето бебе. Нека се качи на брод и правец кон Мајорка“, порача Мугуруза.

Оваа изјава на поранешната тенисерка доаѓа откако Надал го откажа својот настап на Лајвер купот во Берлин. Токму на тој турнир се очекуваше Надал да го каже и своето „збогум“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…