Дома Останати Кошарка Поради големата трагедија која ја потресе Србија мечот Партизан – Реал Мадрид без вообичаениот спектакл

Поради големата трагедија која ја потресе Србија мечот Партизан – Реал Мадрид без вообичаениот спектакл

Поради големата трагедија која денеска му се случи на Белград на утрешниот натпревар помеѓу Партизан и Реал Мадрид во Евролигата нема да го имаа спектаклот како што навикнавме да го гледаме од навивачите на црно-белите.

Во „Штарк Арената“ нема да има ниту музика поради прогласената тридневна жалост на територија на целата земја. Момче од 14 години денес пукаше во училиште во Врачар и уби осум деца и еден вработен. Тешко повредени и за живот се борат уште четири деца и една наставничка.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ваквиот настан беше голем шок за Србија, но и целиот регион. Поради тоа од КК Партизан највија дека нема да го има вообичаениот спектакл од почит кон жртвите и нивните семејства. Исто така натпреварот ќе започне со минута молк.

Реал Мадрид вчера победи и намали на 2:1, па така остана во игра. На Партизан му е потребна една победа за пласман на фајнл-форот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…