Силекс откако изгуби против Брегалница денес против Скопје им се врати на победите славејќи со 3:1.
Беа домаќините фаворити од самиот старт, па така и го започнаа натпреварот, а до предност стигнаа со голот на Катаниќ. Силекс ја задржа преднсота на паузата, додека почетните минути од вториот дел им припадна на гостите. Хајдари изедначи на 1:1.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во 74-минута Тодоров ја погоди мрежата на Силекс, но одново и тој гол како и претходно во првото полувреме беше поништен поради недозволена ситуација. Ако тука имаше офдајд, при првата ситуација беше очигледно дека арбитрите погрешија.
До крајот на средбата Марко Ѓорѓиевски постигна два гола со што ја обезбеди победата за Кратовци.