Силекс денес го игра натпреварот против Петрокуб на домашен терен.
Имаше среќа денес Силекс на теренот на ФФМ да ја искористи првата прилика и да постигне гол преку Кристијан Додевски уште во четвртата минута. Од тој момент тимот на Петрокуб ја презема иницијативата и создаде неколку шанси за гол.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најистакнат поединец кај гостите беше Јосипој околу кого се одвиваше скоро се во играта на Петрокуб. Силекс до добра прилика за погодок после голот за водство имаше во 27. минута.
И повторно Силекс по таа прилика играше повлечено, а потоа во 41. минута кога малку се очекуваше кратовци ја погодија стативата од противничкиот гол со удар од далечина. Тоа беше и најголемата прилика на натпреварот со исклучок на голот на Додевски.
Петрокуб стигна до изедначување во последните моменти од судиското продолжение, преку Платица кој најдобро се снајде после една мешаница.
Мора да се спомене дека условите за игра се навистина тешки, па фудбалерите на половина од полувремето имаа кратка пауза за освежување.