Eден од најлегендарните фудбалери во историјата, Диего Армандо Марадона вчера беше уапсен на аеродромот во Буенос Аирес.
Многумина знаеше да има проблеми со полициските служби и во минатото, но сега причината поради која е уапсен е навистина бизарна. Имено, неговата поранешна девојка пријавила дека Марадона и должи сума од 5.7 милиони евра.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Како што пишуваат аргентинските медиуми, Марадона бил уапсен веднаш по пристигнувањето од Мексико во Аргентина.
За овој случај Марадона ќе има судење на 13-ти јуни, а според најавите таму Аргентинецот нема потреба лично да присуствува и ќе се појави неговиот адвокат, Матијас Морла.
Марадона со неговата поранешна девојка беше во врска цели шест години, од 2012 годиина до 2018.